|
Сабота, 09 Април 2011 00:00 |
|
Како дел од воспитно-образовните програми, околу 50-тина деца од ООУ „Вачо Прке“ во Штип денес ја посетија општината.
Станува збор за веќе воспоставена пракса во која учениците имаат можност преку разговор со градоначалникот и други лица од локалната самоуправа да дознаат повеќе за работата на Општината. Ова е практична настава во која учениците стекнуваат знаења за обврските, задачите и предизвиците на локалната самоуправа и градот во кој живеат.
Најголем дел од децата се интересираа за обврските на градоначалникот, за неговите дневни обврски, потоа како се станува градоначлникот, што работи Советот, како функционира и слично.
Дел од учениците искажаа и свои желби за градот пред се за местата каде што живеат, посакувајќи спортски игралишта и паркови.
|