| Две години од мандатот на градоначалникот на Штип д-р Зоран Алексов |
| Петок, 15 Април 2011 13:46 | |||
|
- Еден од најголемите проекти кој ќе го смени ликот на центарот на Штип доби виза од Светската банка. Многумина не веруваа дека тоа е можно, но ете се случи. Со овој најголем проект во последните 20 години ќе биде реновиран градскиот плоштад, ќе се направат платформи за паркинзи, и ќе се среди хаосот во централното градско подрачје. Важно место џзазема и проектот за реконструкција на уличното осветлување. Ова е прв ваков проект во Македонија преку јавно-приватно партнерство со кое Штип ќе го модернизира уличното осветлување со нови штедливи светилки, ќе заштеди на струја а при тоа целата обврска е на партнерот кој ќе замени над 2000 светилки и истите ќе ги оддржува – изјави Алексов. Тој се задржа на уште десетина нови проекти кои вклучуваат конструкција на тротоари, потпорни ѕидови и улици во Штип, на обновата на градскиот стадион (нова трева и столчиња кои за прв пат ќе бидат поставени), на изградбата на нови згради кои се планирани годинава и друго. По повод двегодишниот мандат, градоначалникот Алексов подготви и брошура на која на над 30-тина страни, во кратки црти се претставени постигнувањата на локалната самоуправа под негово водство како и концептот за идното делување.
|