| Оддржана 32-та седница на Советот на Општина Штип |
| Понеделник, 18 Април 2011 12:16 | |||
|
Прифатени се завршните сметки на ОЈУДГ „Астибо“-Штип за 2010 година и на ЈУДОДГ „Вера Циривири Трена“-Штип. Прифатени се и завршните сметки на СОУ „Димитар Мирасчиев“-Штип за 2010 година, на СОУ „Јане Сандански,на СОУ „Коле Нехтенин“ и на СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“. Прифатена е и предлог-одлуката за продолжување на користење на веб-базирачки информациски систем формиран како резултат на проектот „Споделено знаење-инвестиција за во иднина“ како и предлог-одлуката за електронски платформи-инфо терминали, средства кои ќе бидат обезбедени од проектот „Туризам без граници“.Прифатени се и неколку точки за доделување на финансиски средства, меѓу кои и за спортски клубови и за доделување на финансиски средства на спортските клубови учесници во општинската фудбалска лига на Штип. Прифатено е предлог-решението за формирање и именување претседател и членови на Комисија за спроведување постапка за доделување договор за јавно приватно партнерство по проект „Реконструкција, модернизација и доградба на објектите на бања „Кежовица“. Советниците го изгласаа и предлог-Акциониот план за изготвување на стратегија за рурален развој на Општина Штип како и информацијата за состојбата со бесправната градба во Општина Штип. Послендите три точки започнаа со извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за 2010 година а иако извештајот за потрошените средства за реализација на Програмата за одбележување на Новата 2011 година и Божиќ и украсување на град Штип за дочек на Новата 2011 година беше 17-та точка на дневниот ред, беше разгледана и усвоена меѓу првите. Прифатен беше и финансискиот извештај за реализација на Програмата за развој на младинскиот фудбал на ФК „Брегалница 2008“ за период од 01.01.2010 до 31.12.2010 година а на крајот беше одвоено време и за советнички прашања.
|