| Средба во Брест на децата бегалци од Егејска Македонија |
| Вторник, 26 Април 2011 12:37 | |||
|
- Очекуваме победа во битката со грчките власти за враќање на насилно одземените имоти. Грчките власти да не признаат како етничка заедница во Грција- изјави претседателот на Здружението Јордан Тунев. Градоначалникот на Штип д-р Зоран Алексов веќе трета година од својот мандат присуствува на настанот: -Губењето на вековното живеалиште не може да се надполни со ништо, но со вакви форми на здружување се продолжува традицијата и се потврдува единството во поглед на остварувањето на правата на македонците низ соседните држави- изјави Алексов. На средбата присуствуваа и поранешниот пратеник во Парламентот Влатко Горчев, Исмаил Бојда од Сојузот на Македонци со Исламска религија и Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.
|