Дома Настани Штип дел од проектот за транспарентна општина - фаза 3
Штип дел од проектот за транспарентна општина - фаза 3
Среда, 27 Април 2011 10:20

opstina_zgradaДенес во Општина Штип се оддржа состанок со претставници на ЗЕЛС. Станува збор за изготвување на документација како техничка помош и поддршка за Општините, согласно проект на ЗЕЛС, во кој меѓу неколкуте општини е вклучена и Општина Штип.

ЗЕЛС преку проект поддржан од УСАИД изминатите години работеше со 13 општини на планот на изготвување на програми за надворешна комуникација а сега се посветува на техничка поддршка на проекти кои треба да ја засилат и унапредат комуникацијата во самата локална самоуправа, помеѓу раководителите, секторите и вработените во администрацијата.

Поддршката подразбира изготвување на урнек за деловник за средби кај градоначалникот, формат на записник и друго, кои секоја од општините учеснички во проектот треба да ги адаптираат на сопствените потреби и активности.

Финалниот производ е пропишана процедура за оддржување на работни состаноци кај градоначалникот, начин на комуникација во самите одделенија и сектори и следствено на тоа, зголемена транспарентност и информираност во рамките на самата општина.

- Во поглед на надворешната комуникација со медиумите и граѓаните, Штип е една од водечките општини и пример кој го следат и на кој укажуваат и други локални самоуправи од Македонија – изјави Ирена Николов од ЗЕЛС при вчерашната посета на Штип. Тоа е една од причините што во проектите за транспарентност, Општина Штип секогаш е меѓу учесниците бидејќи постои потенцијал за нови успеси.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Partly Cloudy Mostly Sunny Showers
15°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер