Дома Настани Дејан Зафиров го заврши велосипедски маратон „Кина 2011“
Дејан Зафиров го заврши велосипедски маратон „Кина 2011“
Вторник, 03 Мај 2011 08:45

dejan_zafirov_zavrsi_maraton-03052011-1Штипјанецот Дејан Зафиров го заврши својот трет маратон и го покори третиот континент во неговиот долгорочен концепт да стапне на сите континенти.

dejan_zafirov_zavrsi_maraton-03052011-2Зафиров ја заврши третата етапа од патувањето од Хонг Конг до Пекинг и по 45 дена возење на велосипед низ 11од 22-те кинески провинции, помина 3 930 километри и патувањето го завршил на плоштадот во Пекинг.

dejan_zafirov_maraton_kina-04032011-3Зафиров оценува дека неговата цел е исполнета, а деталите за за подвигот ги остава за по враќањето во Макеоднија. Тој на 11 мај се враќа во Македонија заокружувајќи уште една важна етапа од неговиот велосипедски маратон со кој по трет пат покажува дека со голема волја физичкиот хендикеп не треба да биде пречка за постигнување на врвни успеси. Во првиот контакт, некаде на средината од патувањето, по извоезени 1400 километри, Зафиров проговори за патувањето и за приемот во Кина:

- Луѓето се неверојатно пријателски расположени иако никако не се разбираме, скоро никој не разбира ама баш ништо на англиски, така да цело време соработуваме со мимики и гестови. Цените се ниски прилично, многу слично како кај нас, некои работи се поевтини а некои поскапи. Да се јаде е евтино ама само ако не си вегетаријанец, и нормално нема леб, нема сирење, нема путер, така да за мене секој ден ориз, јајца, зеленчук.

Зафиров вели дека многу работи го шокирале на досегашниот маратон и како што вели, не постои рид кој не е претворен во оризна нива:

- Им изгледам чудно, белец со долга коса и со протеза. Многу често цело маало ќе се собере да ме гледаат и да ми зборуваат на кинески, па јас им зборувам на македонски. Цели три дена бев заглавен во еден прилично запуштен дел од Хунан, со целосно уништен пат, па 200 километри морав да возам неверојатно бавно за што ми требаа 3 дена.

Во Кина Зафиров бил примен од амбасадорот Шамбевски, од делегација на Здружението на лица со хендикеп на Кина, и добил признание за подвигот. По враќањето во Макеоднија, Зафиров предвидува подолгорочна соработка и организирање на летни школи за млади со хендикеп.

Зафиров вози со протеза на левата натколеница и оштетен нерв на десното стапало. Зад себе има два маратона, еден до Ница (Франција) од околу 2000 километри и оној во Јужна Америка од над 3000 километри. Зафиров на 6-ти март замина на велосипедскиот маратон во Кина.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Partly Cloudy Mostly Sunny Showers
15°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер