| Одебележан 4-ти мај, денот на загинување на Гоце Делчев |
| Среда, 04 Мај 2011 14:22 | |||
|
- Денес оживувајќи го споменот на Гоце, кој секојдневно се трудиме на разни начини да го негуваме и зачуваме, горди сме што негово дејание низ животот има оставено длабоки корени на штипската почва – рече Бојан Кереместевски, советник во Општинскиот Совет. Делчев како што рече тој, е најмаркантната личност од историјата на Македонскиот народ во борбата за своја независна држава. Дел од неговите идеи се втемелени и во Штип каде извесен период живеел и работел како учител: -Гоцевата саможртва за делото на ослободувањето на народот во Македонија и создавањето на независна или автономна македонска држава му го донесе на нашиот врвен идеолог ореолот што означува и признание и почит – напомена Кереместевски. Бројни делегации положија свежо цвеќе на спомен-рељефот на Делчев, градоначалникот на Штип, ограноците на партиите, и претставници на институции кои го носат неговот име. Потоа беше положено свежо цвеќе пред спомен бистата на Гоце Делчев во Кампус 2 при Универзитетот „Гоце Делчев“.
|