| Оддржана седница на Комисија за еднакви можности |
| Среда, 11 Мај 2011 08:56 | |||
|
Презентирани беа резултатите од постевалуацијата по реализираните предавања во училиштата за познавањата на учениците од областа на сексуално - преносливите болести, изготвени од страна на Центарот за јавно здравје. Согласно истражувањата евидентно е дека постои потреба од поголема едукација кај средношколската младина. Беа презентирани и резултатите од прашалникот кој беше реализиран кај 1000 испитаници, вработени во текстилни фабрики, а во врска со почитувањето на Законот за работни односи. И тука истражувањето покажува дека работниците малку знаат за она што Законот им го гарантира. Сите резултати ќе бидат издадени во посебна брошура за поголема прегледност на одговорите. Членовите на комисијата ги разгледаа и идните активности во врска со акциониот план на Комисијата за еднакви можности за 2010 и 2011 година.
|