Дома Настани Систем „48 часа“ за граѓаните !
Систем „48 часа“ за граѓаните !
Среда, 11 Мај 2011 09:01

opstina_zgradaОпштина Штип во интерес на граѓаните започнува со реализација на системот „48 часа“. Станува збор за однапред изготвена процедура преку која граѓаните во рок од 48 часа ќе добиваат одговори на прашања кои ги поставуваат до органите на локалната самоуправа.

Процедура

За поднесување на Барање за добивање на одговор на прашање, поплака, поднесување на предлози и идеи до Општина Штип во рок од 48 часа:

- Се пополнува и поднесува Барање (готов образец - во писмена или е-форма. Се зема предвид и уредно барање доставено преку сандaче за поплаки). Пополнувањето е лично или со асистенција на Општинската администрација од ОЦУ на Шалтер бр.1.

- Примателот-извршител (предна канцеларија) или советникот задолжен за отворање на сандаче за поплаки во Општинскиот центар за услуги и информации на граѓаните (ОЦУ), го заверува и проследува Барањето до извршителот (задна канцеларија) за кого е упатено во Општинската администрација.

- Извршителот од задна канцеларија го разгледува, прави процена и во рок од 24 часа ја информира предната канцеларија,  кога подносителот на барањето ќе добие одговор.

- Доколку станува збор за барање што е во надлежност на ЛС, тогаш извршителот од предна канцаларија, во наредните 24 часа телефонски го информира подносителот на барањето за одговорот на барањето.

- Доколку станува збор за барање што не е во надлежност на ЛС, тогаш извршителот од предна канцеларија, во наредните 24 часа телефонски го информира  подносителот на барањето дека барањето со пропратно писмо е препратено до надлежната институција.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Partly Cloudy Mostly Sunny Showers
15°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер