| Трибина: „Водич низ урбанистичкиот лавиринт“ |
| Среда, 18 Мај 2011 09:07 | |||
|
Предавачи на трибината беа претставници на Министерството за транспорт и врски и на Агенцијата за патишта, додека Општина Штип ја претставуваа градоначалникот д-р Зоран Алексов, Претседателката на Советот Сузана Николовска која е воедно раководител и на одделението за имотно-правни односи, директорите на двете јавни претпријатија и репрезенти од одделението за урбанизам. Панче Тошковски советник за урбанизам и катастар, претставник на Министерството за транспорт и врски зборуваше за активностите околу Законот за легализација на бесправно изградени објекти. Тој напомена дека постапката е многу лесна, и дека доказ за тоа се сѐ поголемиот борј на поднесени барања кои ќе резултираат со утврдување конечен статус на многу дивоградби, доградби и надградби во Македонија. Според Наташа Волканоска - директорка на агенцијата за патишта, Штип во текот на следниот период ќе добие 1.3 милиони евра за локални патишта. Оваа година е предвидена реализацијата на локалните патишта до Шаварлија и Сарчиево а идната година ќе се заврши патот до браната Мантово кој е од особена важност и за општина Конче. Во фаза на подготовка е и проектот за патото Штип-Миладиновци-Скопје кој треба да го скрати патувањето до метрополата и да овозможи уште една алтернативна рута за пат до Скопје. Овој пат беше најавен, и интерес за негова реализација како и за проектот пројавија и присутните граѓани на трибината кои исто така поставуваа низа прашања во врска со темата.
|