|
Понеделник, 23 Мај 2011 09:15 |
|
Со последните еко акции во урбаните заедници „Славчо Стојменски„ и „Стар Караорман“ и официјално заврши годинашнава еко-акција која го носи мотото „Секој за своето маало, сите за почист град“.
Во еко акцијата беа опфатени 17 урбани заедници. Граѓаните во соработка со ЈП „Исар“ од април до крајот на мај ги чистеа своите урбани заедници со цел обезбедување на чиста животна средина за себе и за своите семејства. За разлика од минатата година, еко акцијата 2011 имаше поголем одзив кај граѓаните но сепак се уште мора да се работи наподигнување на еко свеста кај граѓаните.
|