Дома Настани Почна замената на старите светилки со штедливи во Штип
Почна замената на старите светилки со штедливи во Штип
Петок, 17 Јуни 2011 13:23

shtedlivi-svetilki-17062011-1Велешката фирма „Глобал Енерџи Системс“ која го доби тендерот за јавно-приватно партнерство во проектот за обнова и оддржување на јавното осветлување започна со практична реализација на договорот.

Замената започна од центарот на градот, shtedlivi-svetilki-17062011-2на улицата „Ванчо Прке“ и на дел од улицата „Кирил и Методиј„  каде што екипи на „Глобал Енерџи Системс“ денес вршеа замена на старите и дотраени светилки, со нови соверемени и пред се економични и штедливи.

Како што е познато, на 13-ти декември 2010 година беа отворени понудите а на 9-ти март беше склучен договорот со ова фирма, која во изминатите три месеци вршеше скенирање на состојбата на терен. По направените анализи, согласно обврските од договорот кој предвидуваат во рок од осум месеци од потпишувањето да бидат заменети сите 2919 светилки со нови штедливи, претставници на велешката фирма почнаа со активности на терен. Во активностите логистичка поддршка дава и СВР-Штип.

shtedlivi-svetilki-17062011-3- Ова е еден од поголемите проекти на Општина Штип и долгорочно ќе донесе заштеда на буџетот на локалната самоуправа а Штип ќе добие многу поквалитетно и пред се економично улично осветлување – изјави градоначалникот д-р Зоран Алексов кој беше на лице место при првите замени на светилките.

Вкупната инвестиција изнесува 160 милиона денари. По комплетната замена на светилките, се очекува Општина Штип да оствари финансиска заштеда од 60% а годишниот ануитет кој ќе се исплаќа на партнерот во проектот ќе се намалува секоја година. Првата рата општината ќе ја исплати откако ќе бидат заменети сите светилки и ќе следи тримесечен тест период.

shtedlivi-svetilki-17062011-4shtedlivi-svetilki-17062011-5

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер