| Советодавната граѓанска група дебатираше за безвизниот режим |
| Среда, 06 Јули 2011 09:26 | |||
|
На средбата презентација на оваа тема имаше Ристе Стефанов -инспектор за гранична контрола по што следеше дебата. Целта на средбата е да се укаже на злоупотребата на безвинзиот режим од страна на поединци и фирми кои сакаат да остварат различни интереси а со тоа да им наштета на интересите на државата во поглед на оваа придобивка. Беше укажано дека безвизниот режим не се однесува за барање на азил или работа во земјите членки на ЕУ, но најголемиот дел од граѓаните, вклучително и оние од Штип, истиот го користат токму за остварување на овие две работи. Советодавната Граѓанска Група на Општина Штип и Општина Карбинци е тело од мултисекторски карактер, формирано со цел да детектира, иницира и предлага решенија за локални и регионални предизвици и потреби, во рамките на можностите и преку продлабочена меѓуинституционална акција и во соработка со цивилниот сектор.
|