| Концерт – „Oboe 4 strings“ од Полска |
| Среда, 06 Јули 2011 09:31 | |||
|
Овој камерен ансанбал е формиран во 2008 година на иницијатива на Јарослав Вирзиковски. На репертоарот имаат музика од сите епохи на светски и полски композитори па затоа често пати се гости на врвни настани и фестивали на класична музика не само во Полска туку насекаде низ светот. Тројца од членовите на ансанблот работат како лидери во своите секции во оркестрите каде што настапуваат а гостувањето во Штип е дел од нивната голема турнеја низ Југоисточна Европа. Овој состав го сочинуваат Јарослав Вирзиковски, Бернардета Вујневич, Лилјана Добровска и Наталија Касперчик. На ШКЛ тие се претставија со 11 компизиции.
|