Дома Настани Градоначалникот на Штип д-р Зоран Алексов престојуваше во Словенија
Градоначалникот на Штип д-р Зоран Алексов престојуваше во Словенија
Петок, 08 Јули 2011 09:51

gradonacalnik-poseta-Slovenia-08072011Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов престојуваше во еднодневна работна посета на Словенија. Заедно со него беше и претставник на Центарот за развој на Источниот-плански регион. Посетата беше со цел спроведување на активности за имплементација на ГИС-Системите во Општина Штип.

Инаку станува збор за посета која требаше да биде остварена во вторникот, но заради технички проблеми, градоначалникот Алексов и претставникот на ЦРИПР не беа во можност да отпатуваат, заради што посетата ја реализираат денес.

Станува збор за проект кој ќе овозможи создавање на информатички потенцијали на општините од регионот преку ГИС систеие со кои секој граѓанин по електронски пат и користење на интернет пристап ќе има увид во одредени услуги и апликации на општината. Средствата ќе ги обезбеди Словенија преку проекти поддржани од ЕУ и истите 60% ќе бидат покриени од нив додека преостанатите 40% ќе ги обезбедат општините од регионот во зависност од бројот на жителите.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер