Дома Настани За 4 дена над 270 пријави за дивоградби
За 4 дена над 270 пријави за дивоградби
Петок, 08 Јули 2011 09:59

stip-panorama-2010_resizeИзлегувањето меѓу граѓаните на Штип засегнати со Законот за легализација на бесправно изградените објекти ги дава првите резултати.

Од понеделник до денес, на терен се 9 општински тима со 20 лица кои на лице место им даваат помош на граѓаните и собираат документи за пријавување на дивоградби.

Резултатот од ваквиот приод на Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов е над 270 пријави за 4 дена, што е солиден резултат ако се знае дека за четири месеци граѓаните самостојно побарале легализација на 870 дивограби од вкупно над 8000 регистрирани.

Акцијата продолжува и понатаму а членовите на тимовите на локалната самоуправа се распоредени по различни реони во градот. Во моментов прибираат документи во населбите Караорман, 8-ми Ноември, Железничка, Дузлачки рид, Сењак, на улиците Радански пат и Широк дол како и во центарот на Штип.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер