Дома Настани Потпишан договор за збратимување со Општина Каварна (Бугарија)
Потпишан договор за збратимување со Општина Каварна (Бугарија)
Среда, 13 Јули 2011 12:18

kavarna-bg-zbratimuvanje-13072011-1Бугарската Општина Каварна и Општина Штип денес потпишаа договор за отпочнување на активностите за збратимување. Договорот го потпишаа градоначалниците на Штип и Каварна, д-р Зоран Алексов и Цонко Цонев во кабинетот на домаќинот од Штип.

Посетата е дел од проектот “Развиена општинска соработка – подобри локални резултати” кој започна да се реализацира на 11-ти јули 2011.

-  Имаме многу сличности со Каварнаkavarna-bg-zbratimuvanje-13072011-2 и се отвораат многу можности за сорабхотка. Тие го имаат Рок фестивалот, ние „Макфест“, тие ги имаат школките како приморска туристичка дестинација ние пастрмалиите, тие имаат равзиен туризам ние тежнееме кон тоа. Се надевам дека годините кои следат ќе донесат успех и разов за двете страни – изјави по потпишувањето, градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов.

Бугарскиот гостин беше воодушевен од Штип:

kavarna-bg-zbratimuvanje-13072011-3-  Ова е многу убав град, има многу историја и култура во него, Затоа почнавме со културна соработка но јас се надевам дека ќе стигнеме до покрупни теми од типот на економија. Тоа е мошне важно за двете општини. Впрочем, ние и почнавме развојна соработка преку проект од ИПА фондовите и сега одиме напре дкон нови можности за соработка - изјави градоначалникот на Каварна, Цонко Цонев.

По средбата беше оддржана презентација на Европското искуство на Каварна од страна на
Елена Балтаџиева, раководител на Одделение за евроинтеграција во Општина Каварна, на
тема „Развој на Општина Каварна по патот на Европската интеграција 2004-2011“

Учесниците од Каварна, како дел од програматаkavarna-bg-zbratimuvanje-13072011-4 на фестивалот ШКЛ 2011 година, ќе ја презентираат бугарската култура, преку театарска претстава, настап на фолклорно друштво и модерна музика. Активностите се реализираат во градот домаќин - Општина Штип а според проектот гостите од Општина Каварна (Бугарија) ќе останат во Штип пет дена при што ќе посетат различни локации. Тие од синоќа се во Штип каде согласно активностите првите два дена се наменети за посета на културно-историски објекти во Штип. Тоа вклучува разгледување на централното градско подрачје, посета на верски објекти во Штип, посета на јавните претпријатија во Штип и на бањата Кежовица, на музејот  каде што тие ќе можат да видат една од најважните археолошки збирки на Балканот.

Станува збор за културни активности кои се дел од проектот  “Развиена општинска соработка – подобри локални резултати” поднесена од страна на Општина Штип, Р.Македонија, на Повикот за предлог проекти 2010 – Програмата Европа за Граѓаните (2007-2013), врз основа на Одлуката Бр. 1904/2006/ЕС на Европскиот Парламент и на Советот од 12 Декември 2006 година, а објавен на 15-ти Декември 2010. Проектот е финансиран од Европските граѓански програми на Европската Унија.

kavarna-bg-zbratimuvanje-13072011-5kavarna-bg-zbratimuvanje-13072011-6kavarna-bg-zbratimuvanje-13072011-7kavarna-bg-zbratimuvanje-13072011-8

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер