| Бугарски гости се претставија на “Штипско културно лето 2011“ |
| Четврток, 14 Јули 2011 08:27 | |||
|
Во 18:00 часот детскиот фолк состав „Бизоне“ од Каварна се претстави со песни и ора од Источниот регион на Бугарија на локацијата К‘ртеке. Станува збор за група која негува различни видови на танци, од народните ора, изворна музика па се до поп-фолк етно игри. Во 21:00 часот, театарската група „Зеници“ од Каварна се претстави со театарската престава „Меѓу земјата и небото“ во Народниот театар во Штип. Претставата претставува ритуално движење со кое се повикува дожд и воспоставување на запоставената врска меѓу небото и земјата. Во 22:00 часот, вокалниот пејачки Овие културни активности се дел од проектот “Развиена општинска соработка – подобри локални резултати” поднесена од страна на Општина Штип, Р.Македонија, на Повикот за предлог проекти 2010 – Програмата Европа за Граѓаните (2007-2013), врз основа на Одлуката Бр. 1904/2006/ЕС на Европскиот Парламент и на Советот од 12 Декември 2006 година, а објавен на 15-ти Декември 2010. Проектот е финансиран од Европските граѓански програми на Европската Унија.
|