|
Среда, 20 Јули 2011 10:31 |
|
Струмичкиот театар синоќа гостуваше на „Штипско културно лето 2011“. Станува збор за претставата „Последниот ден на Мисирков“ на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица. Претставата се одигра во НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип со почеток во 21:00 часот.
Работена е по текст на Јордан Плевнеш, а во режија на Дејан Пројковски. Во претставата играат Крсте Јовановски, Стојан Велков-Трн, Кире Ѓорѓиев, Ванчо Крстевски, Ангелина Тренчева, Рујиш Беговска, Кољо Черкезов, Бранко Бениниов, Томе Ментинов, Ванчо Василев и други.
По Струмица, „Последниот ден на Мисирков” се игра во сите градови во Македонија, а ќе има претстави и во сите 20 земји каде што предавал како професор и во сите 26 земји чии што јазици ги зборувал.
 
|