| Пречекан контингентот на АРМ од Авганистан |
| Четврток, 28 Јули 2011 15:12 | |||
|
Заменик министерот за одбрана Емил Димитриев напомена дека во услови на сложена ситуација во Авганистан, безбедното враќање на војниците е голем успех: - Ова е веќе шеста ротација Командантот на Првата механизирана пешадиска бригада, бригадниот генерал Димче Петровски исто така ги поздрави војниците: - Иако сме мала армија, со капацитетите и знаењето кое го имаме можеме слободно да кажеме дека сме важен сегмент од мировната мисија „ИСАФ“ во Авганистан. Ова е огромно човечко и професионално искуство кое станува се посилно, со секое заминување и враќање на континегнтите на АРМ во Авганистан.
АРМ во мисијата ИСАФ, во Авганистан, во периодот јануари - јули 2011 година, учествуваше со контингент од 149 припадници на Првата механизирана пешадиска бригада најстар национален претставник, двајца штабни офицери и пет старешини во составот на тимот за оперативно менторство и врска. Контингентот на АРМ во изминатите шест месеци беше ангажиран за извршување на сложени задачи како што се целосно обезбедување на командата на ИСАФ во Кабул, обезбедување на објекти од витално значење за животот на населението во Авганистан, борбено обезбедување на комуникации и области во зоната на одговорност и друго. Македонските мировници задачите
|