| Претставување на Општина Штип на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ |
| Петок, 12 Август 2011 12:48 | |||
|
Во времетраење од два часа на градскиот плоштад во Крушево, своја уметничка програма првенствено имаше проф. Горан Ангелов од Факултетот за музичка уметност со групата „Етникум“. Со песни со патриотска содржина, но и изворни песни од штипското подрачје се претставија членовите на Градскиот хор во Штип. Сплетот „Водарки“ го изведоа членовите на КУД „Ристо Донев-Учителот“, кои со изведбата ја пленија публиката. Следуваше „Кикиритков-Опашинов бенд“ со неколку отсвирени евергини. И за крај, како што искоментираа организаторите, следуваше најголемото раздвижување на публиката во сите 10 дена славење. Главен виновник за тоа беше штипската музичка и актерска легенда, Раде Рогожаров, кој преку изведбата на неколку негови песни, успеа да ја поттикне целата публика да се фати на оро. Од двочасовната програма беа задоволни сите: и публиката, и оранизаторите и учесниците. Ова е прво претставување на Општина Штип во Крушево.
|