| Започнува „Балканското првенство во одбојка на песок“ |
| Петок, 12 Август 2011 15:06 | |||
|
Свеченото отворање на Првенството ќе биде вечерва со почеток од 20 ч. и истото ќе биде отворено од страна на градоначалникот на Општина Штип, д-р Зоран Алексов. Градскиот плоштад „Слобода“ во овите три дена ќе биде претворен во одбојкарски терен со цел одржување на ова спектакуларно балканско спортско случување. „Балканското првенство во одбојка на песок“ е во организација на Општина Штип и Одбојкарската федерација на Македонија.
|