| Во сабота во Штип премиера на македонско-бугарска куклена претстава |
| Вторник, 23 Август 2011 11:39 | |||
|
Како што е познато,во првиот дел од проектот, од 1-ви до 14-ти август во Ќустендил престојуваа 15 деца од Штип на возраст од 7 до 14 години: - Имавме добри домаќини , прекрасни услопви за работа и децата заеднички учеа за театарот, подготвувајќи се за претставата која оваа недела ќе има своја премиера – изјави драматургот Милорад Ангелов од народниот театар од Штип. Во вториот дел на проектот, од 15-ти август во Штип престојуваат 15 деца од Ќустендил кои заеднички со децата од Штип ги продолжија активностите за реализација на куклена театарска претстава. Од денес, почнуваат финалните подготовки за претставата: - Имаме многу добри деца-актери и јас сум задоволен од тоа што тие го вложуваат и од она што до сега го научиле ако се знае дека тие за прв пат во животот фатиле кукла или пак учествуваат во драматизација на театар. Мислам дека ќе имаме одлична претстава која сите ќе ја паметата – изјави режисерот Лозен Јорданов од Ќустендил. Во тек е изработка на промотивните материјали како и комплетната костимографија и сценографија за куклената театарска претстава во која се обработуваат приказни за Итар Пејо односно Хитар Петар на македонски и бугарски јазик. - Имавме плодна соработка и мислам дека во овие 20 дена успеавме децата да ги научиме на убави работи. Најважно од се, освен претсвата е тоа што се родија пријателства и што се воспоставени контакти помеѓу две генерации на деца од двете страни на границата. Тоа е онаа најважното и најубавото – изјави Чавдар Ненов, директор на народниот театар во Ќустендил и раководител на проектот. Во претставата покрај куклениот театар се содржани и кратки драматизации и музички точки: - Текстот на песните е на двата јазика. Иако се слични тие имаат и многу различности, но сметам дека децата одлично ги совладаа и ќе направат солиден музички настап – изјави композиторот Павел Чавдаров. Проектот е добиен преку ИПА фондовите на ЕУ за прекугранична соработка. А него се издвоени 70.000 евра.
|