Дома Настани Оддржан втор состанок со штипските угостители за „Пастрмалијада 2011“
Оддржан втор состанок со штипските угостители за „Пастрмалијада 2011“
Среда, 24 Август 2011 14:40

Гpastramalijada-2011радоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов денес претпладне имаше едночасовен состанок со над 30-тина угостители од Штип. Предмет на разговор беа подготвителните активности за претстојната манифестација „Пастрмалијада 2011“ кој при крајот на септември ќе се оддржи во Штип.

На средбата беше разговарано околу актуелните проблеми, изнаоѓање на решенија и давање на соодветни предлози за поуспешно претставување на Штип на оваа културно-гастрономска манифестација. Според искажаното, до 9-ти септември ќе трае повикот до угостителите од градот за официјално пријавување на настанот, со цел утврдување на конечниот број на угостители. На 12-ти септември ќе биде извршено жребување за позицијата на секој угосител на улицата „Ванчо Прке“ која лани, за време на оддржување на манифестацијата го доби уметничкото име „Улица на пастрмалиите“.

Во меѓувреме, општинските лица ќе направат шема на позиците за штандовите на угостителите. Секој угостител ќе има можност да го уреди сопствениот простор, а со оглед на големиот интерес за пастрмајлии, поучени од лани, во годинашнава манифестација ќе се вклучат и пекарите со цел обезбедување на поголеми количини на пастрмалии. Наместо мали пастрмалии, првичниот договор е тие да бидат стандардизирани, во соодветна големина и да чинат 100 денари. Воедно се прави концептот за културно-уметничката програма со музички ѕвезди. Се разгледува можноста, заеднички угостителите да обезбедат познато естрадно име за привлекување на поголем број посетители. Освен ова и општина Штип изготвува програма со која ќе се престави пред посетителите.

Следниот состанок со угостителите, градоначалникот Алексов ќе го има на 2-ри септември кога ќе бидат дефинирани и основите за годинашнава „Пастрмалијада“ која е предвидено да започне на 23-ти септември и ќе трае 3 дена.

Пастрмалијадата изминатите години се оддржуваше во ноември, но заради временските прилики а и заради фактот што порано пастрмалиите почнувале да се прават на крајот на септември, донесена е одлука „штипската пастрмалијада“ да биде во септември.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер