Дома Настани Проект „Промоција на здрави животни стилови“
Проект „Промоција на здрави животни стилови“
Петок, 02 Септември 2011 13:55

bazenСо цел да се проверат вештините за пливање на учениците од осмо одделение од основните училишта и на учениците од прва година од средните училишта, Градоначалникот на Општина Штип реализира активности на градскиот базен.

Активностите ќе се изведат во периодот од 02-07 септември 2011 година, во рамките на месечната програма по повод Месецот на независноста, според следниот распоред:

- 02.09.2011 (петок) во 13.00 часот ОУ „Гоце Делчев“;

- 02.09.2011 (петок)  во 9.00 часот ОУ „Тошо Арсов“;

- 03.09.2011 (сабота) во 9.00 часот ОУ „Ванчо Прке“ смена А и Б;

- 05.09.2011 (понеделник) во 9.00 часот ОУ„Димитар Влахов“смена А и Б;

- 06.09.2011 (вторник) во 9.00 часот СОУ„Коле Нехтенин“;

- 06.09.2011 (вторник) во 14.00 часот СОУ„Јане Сандански“;

- 07.09.2011 (среда) во 9.00 часот СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“;

- 07.09.2011 (среда) во  14.00 часот СОУ„Димитар Мирасчиев“.

Целта на проектот е да се утврдат познавањата на основците и средношколците во поглед на водените спортови бидејќи согласно наставните планови предвидени се и стекнување на вешитини за овие спортови. За време на активностите, наставниците и професорите ќе го утврдуваат степенот на познавање на пливачките вештини со цел преземање на конкретни чекори за едукација. Градскиот базен обезбедува спасувачка екипа и медицинска помош во случај на потреба.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер