Дома Настани Оддржана средба со угостителите за „Штипската пастрмалијада 2011“
Оддржана средба со угостителите за „Штипската пастрмалијада 2011“
Петок, 02 Септември 2011 14:15

pastrmalijada-02092011Денес во Општина Штип се оддржа третиот состанок со угостителите од Штип. На состанокот со кој раководеше градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов беа разгледани прашања околу годинашново издание на манифестацијата „Штипска пастрмалијада 2011“.

На средбата беа дефинирани одредени активности со оглед на тоа што подготовките влегуваат во завршна фаза. На минатиот состанок беше договорено дека заинтересираните субјекти (угостители) за учество во манифестацијата можат да се пријавуваат до 9-ти септември а на 12-ти септември ќе биде извршено жребувањето за поединечните локации на учесниците-угостители и винарии. Ова беше потврдено и на денешната средба.

Одговорни лица од локалната самоуправа работата на шемата за поставување на изложните штандови на кои ќе се продаваат пастрмалиите, додека угостителите и пекарите денес се согласија меѓусебно да преговараат околу количините и цената на пастрмалиите, во случај да биде потребна помош за достава на овој производ.

Како што беше договорено, пастрмалијадата на улицата „Ванчо Прке“ во текот на трите дена на оддржување (23-25 септември 2011) ќе трае до 1 часот по полноќ, со обврска продажбата на пастрмалиите да се врши најдоцна до 24:00 часот. На угостителите ќе им биде одобрен еден час подолго работење на нивните објекти, со оглед на гостите кои се очекуваат од цела Македонија.

На денешниот состанок беше разгледано и прашањето околу поканата на видна естрадна ѕвезда на манифестацијата, со можност истотото да биде финансирано од страна на угостителскиот и бизнис сектор во Општина Штип. Засега, по овој основ нема согласност ниту финансиска воља кај угостителите да ја поддржат манифестацијата, со што директно ја поддржуваат можноста за зголемување на својата заработка од прилив на гости заради присуство на звучно естрадно име.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер