| Во октомври почнува реконструкцијата на плоштадот во Штип – Светска банка даде зелено светло за распишување на тендер |
| Петок, 02 Септември 2011 14:20 | |||
|
Во дневните весници ќе биде објавен јавниот повик, по што заинтересирани домашни и странски фирми ќе можат да конкурираат за изведување на градежните активности. Повикот ќе трае 4 седмици, по што следи жалбена постапка во рок од седум дена. Тоа значи дека на почетокот на октомври, започнува уредувањето на руинираниот градски плоштад. Проектот е вреден 360.000 евра. Средствата се обезбедени преку кредитот од Светска банка, но распишувањето на меѓународниот тендер е со одобрување на ова институција по разгледување на тендерската документација. Имено, средствата од 2 милиони евра кредит кои ги дава Светска Банка за уредување на централното градско подрачје, изградба на пет паркинг платформи и средување на коритото на река Отиња, предвидува и реконструкција на плоштадот. Конкретно документацијата до Светска Банка за реконструкција и обнова на градскиот плоштад беше доставена на крајот на јуни.
|