|
Понеделник, 05 Септември 2011 14:41 |
|
Денес во Општина Штип ќе се оддржи промоција / прес конференција на проектот „Прекугранична образовна мрежа за деца со посебни потреби“ на Центарот за развој на Источниот-плански регион и Општина „Гоце Делчев“ (Бугарија).
Воведни обаќања имаа Ратко Димитровски (градоначалник на Кочани и Претседател на ИПР), Драгица Здравева (раковдител на ЦРИПР) а проектот го презентираше Денис Жерновски (проект менаџер).
Проектот е финансиран преку ИПА фодновите на ЕУ за прекугранична соработка. Согласно истиот, четири училишта од неколку општини од Источниот регион (Штип, Кочани, Виница, Пробиштип) и две од Општина „Гоце Делчев“ во Бугарија ќе добијат инфраструктурна поддршка за училиштата со деца со посебни потреби. Тоа значи реконструкција на училници, набавка на современи апарати за работа со овие деца, изработување на пристапни рампи и друго. Проектот е вреден околу 300.000 евра.
|