| По 4-ти пат „Инклузија на деца роми“ во штипското образование |
| Вторник, 06 Септември 2011 13:36 | |||
|
Целта на овој проект е подобрување и поддршка на интергацијата и намалување на запоставеноста на децата-Роми со зголемување на бројот на деца-Роми згрижени во јавните општински установи една година пред поаѓање во основно образование. Целна група на проектот се деца-Роми на возраст ос 4 до 6 години. Проектот веќе пет години по ред го спроведуваат МТСП, Ромскиот едукативен фонд и единиците на локалната самоуправа а во Штип, проектот се спроведува веќе четврта година по ред. Проектот ќе се спроведува од септември 2011 до јуни 2012 година и во него ќе бидат опфатени околу 25 деца. Во 2009 нивниот број беше 14, во 2010 бројот на деца-Роми се зголеми на 17 сега се вклучени уште 7 деца повеќе. Општина Штип ќе обезбеди превоз за децата до соодветните институции каде децата-Роми од овој проект ќе посетуваат настава.
|