| Оддржана седница на Комисија за социјални работи и здравство |
| Петок, 09 Септември 2011 13:17 | |||
|
На седницата доминираа годишните извештаи за учебната 2010/2011 година на односвните општински училишта како и нивната годишна програма за работа за 2011/2012 година. Комисијата ги прифати годишните извештаи на основните општински училишта „Ванчо Прке“, „Гоце Делчев“ , „Димитар Влахов и „Тошо Арсов“, како и годишната програма за работа на споменатите школи. Дополнитлените 3 точки се однесуваа на финансиска помош за две деца и едно семејство во поглед на одобрување на поддршка за лекување. Истите беа прифатени и ќе бидат доставени до Комисијата за финансирање, буџет и ЛЕР на одобрување а потоа и на седница на Советот на Општина Штип.
|