| Оддржана седница на Комисијата за култура |
| Понеделник, 12 Септември 2011 14:55 | |||
|
Комисијата ја прифати Предлог-Програмата за одржување на манифестација „Пастрмалијада” Штип 2011. За оддржување на истата се побарани 830.000 денари од кои дел за реализација на технички активности а дел за авторски настапи на музичари и групи. Според програмата, во текот на трите дена од манифестацијата од 23 до 25 септември, предвидена е дегустасија на пастрмалии на улицата „Ванчо Прке“ и културно-уметничка програма. Комисијата исто така ја прифати и Предлог-Програмата за активностите на Општина Штип од областа на културата за 2012 година. Согласно истата, предвидени се календарски активности за познати манифестации од оваа област кои се во организација на Општина Штип, како што се фестивалот на музика „Макфест“, потоа денот на ослободувањето на Штип 7-ми ноември, Денот на градот „Свети Никола“ (се оддржува во декември), „Штипско културно лето“ и други. За реализација на оваа програма се побарани околу 6.5 милиона денари.
|