| Извршено жребување на локациите на угостителите на „Штипска пастрмалијада 2011“ |
| Понеделник, 12 Септември 2011 15:08 | |||
|
Станува збор за редовна постапка на утврдување на локациите на кои секој од угостителите во Штип ќе може да постави свој штанд на кој ќе продава пастрмалии во текот на манифестацијата. До петок, 9 - ти септември траше рокот за пријавување на штипските угостители за манифестацијата. Бројот е дополнет со уште 6 нови пријавени угостители, па наместо 31 субјект, на манифестацијата ќе учествуваат 36 угостители и винарии. Манифестацијата „Штипска пастрмалијада 2011“ Годинава, согласно договорот меѓу угостителите и Општината, една пастрмалија ќе чини 100 денари, со можност да се продава на половина, но нивната големина ќе биде речиси како стандардната. Веќе иданата недела ќе биде отпечатен севкупниот пропаганден материјал, со оглед на тоа што на Седница на Комисијата за култура усвоена е програмата за манифестацијата.
|