| Одбележан денот на единицата во касарната „Јане Сандански“ |
| Понеделник, 19 Септември 2011 08:46 | |||
|
Во име на Општина Штип, свежо цвеќе пред спомениците положат Претседателката на Советот, Сузана Николовска и советниците: Војо Маневски и Бојан Кереместевски. Оваа единица ги негува традициите на Младинската Македонска Народноослободителна Ударна Бригада „Димитар Влахов“ формирана пред 67 години.
Војниците кои учествуваа во одбраната на командата на мисијата ИСАФ во Кабул ќе бидат наградени и ќе им се оддаде посебно признание, најави за време на манифестацијата во Штип министерот за одбрана Фатмир Бесими. - Иницијативата за оддавање признание и наградување на припадниците на мировната мисија ИСАФ од нашата армија е заедничка со претседателот на Македонија како врховен командант на оружените сили на Македонија и со началникот на Генералштабот - изјави Бесими на свеченостa по повод Денот на Првата механизирана пешадиска бригада во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески изјави дека шкорпионите од оваа единица повторно ја потврдуваат подготвеноста на нашата армија во учеството во мировните мисии.
|