| Оддржана седница на Комисија за финансирање, буџет и ЛЕР |
| Четврток, 22 Септември 2011 14:58 | |||
|
Усвоена е предлог – измената и дополнување на Буџетот на Општина Штип за 2011 година како и барањето за ослободување од плаќање на надомест за комуналии за изградба на објект за потребите на факултетот за медицински науки како единица во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, кое беше втора точка на дневниот ред. Усвоено е и барањето за давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈП „Исар“ Штип за утврдување на висината и наплатата на надоместокот за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата и придружните Објекти и барањето за давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈП „Исар“ Штип за утврдување на висината и наплатата на надоместокот за одбележување и изработка на протокол за регулација, доделување на гробно место и гробарина. Претпоследна точка на дневен ред беше барањето за давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈП „Исар“ Штип за утврдување на висината на цените за погреб, превоз, погребна опрема и бетонска гробница која беше усвоена а полседната точка од дневниот ред се однесуваше на предлог – одлука за сопствено финансиско учество/кофинансирање во проектот „Воспоставување на регионално планирање и реализација на ГИС, како предуслов за воспоставување на заеднички одржлив развој на општините дел од ИПР“ .
|