Дома Настани Почнува „Штипска пастрмалијада 2011“
Почнува „Штипска пастрмалијада 2011“
Петок, 23 Септември 2011 13:19

pastrmalijada-02092011Вечерва, со почеток во 19:00 часот, со обраќање на Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов и официјално ќе биде отворена петтата „Штипска пастрмалијада 2011“.

Манифестацијата ќе трае три дена. На неа се пријавени над 40-тина субјекти од кои околу 35 угостители и 6-7 винарии. Секоја вечер предвидена е богата културно-уметничка и забавна програма која подразбира настап на поп и фолк-етно состави.

Ова е втор пат „Штипската пастрмалијада 2011“ да биде организирана на улицата „Ванчо Прке“ која уметнички е позната како „Улица на пастрмалиите“. Долж улицата веќе се поставени штандовите на угостителите и винариите кои ќе ги изнесуваат своите производи на заинтересираните посетители. Една пастрмалија ќе чини 100 деари и ќе биде со оваа унифицирана цена на сите продажни тезги.

Од оваа година, „Штипската пастрмалија„ е брендиран производ, што пдразбира заштитен квалитет, рецепт и име.

Денес ќе биде отворен и „Фестивалот на медот“ и „Денови на  занаетчиството“ на градскиот плоштад во Штип, каде медарите и занаетчиите ќе ги претстават своите производи. На тој начин, манифестацијата ќе збогатена со уште два настана кои ќе им дадат можност на посетителите да имаат подобар избор.

Утре, во 18:45 минути, пред настапот на КУД „Ристо Донев“ од страна на игроорците од ова друштво предвидено е дефиле од плоштадот до главната сцена, каде што во 19:00 часот ќе започнат со својот настап.

Временската прогноза покажува дека за време на пастрмалијадата штипјани и посетителите ќе имаат пријатно време, проследено со сончеви периоди и просечна темперетура од 27 степени...идеална за јадење пастрмалии !

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер