Дома Настани Заврши „Штипска пастрмалијада 2011“
Заврши „Штипска пастрмалијада 2011“
Понеделник, 26 Септември 2011 08:49

Pastrmalijada_2011-26092011-1Со вчерашниот трети ден, заврши петтото издание на „Штипска пастрмалијада 2011“.

На манифестацијата учествуваа над 40-тина субјекти од кои околу 35 угостители и 6-7 винарии. Секоја вечер имаше богата културно-уметничка и забавна програма која подразбира настап на поп и фолк-етно состави.

Ова беше втор пат „Штипската пастрмалијада 2011“ Pastrmalijada_2011-26092011-2да биде организирана на улицата „Ванчо Прке“ која уметнички е позната како „Улица на пастрмалиите“. Во изминатите три дена, штипските угостители три дена продаваа пастрмалии на голем број заинтересирани штипјани но и на голем број посетители од страна. Меѓу гостите доминираа посетители од Скопје, Велес, Пробиштип, Радовиш, Куманово,Битола, Прилеп и други градови.

Pastrmalijada_2011-26092011-3На „Штипска пастрмалијада“ за прв пат беше доделена и награда за најдобро украсен штанд. Плакетата ја доби штандот на ресторанот „Казабланка“ а на традиционалната трка на келнери, најбрз беше по втор пат келнерот од ресторан „Сутјеска“ – Јован Велевски.

Новина беше што од годинава, „Штипската пастрмалија„ е брендиран производ, што подразбира заштитен квалитет, рецепт и име.

Во исто време на градскиот плоштад Pastrmalijada_2011-26092011-4во изминатите три дена се оддржуваше „Фестивалот на медот“ и „Денови на  занаетчиството“, каде медарите и занаетчиите ги претставија своите производи. На тој начин, манифестацијата беше збогатена со уште два настана.

Денес улицата ќе биде расчистена а на дополнителна средба помеѓу угостителите и градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов ќе бидат разгледани впечатоците за слабостите и позитивните ефекти со цел идната година оваа манифестација да биде уште подобра.

Кој пропуштил...нека повели догодина !

Pastrmalijada_2011-26092011-5Pastrmalijada_2011-26092011-6Pastrmalijada_2011-26092011-7Pastrmalijada_2011-26092011-8Pastrmalijada_2011-26092011-9Pastrmalijada_2011-26092011-10

Pastrmalijada_2011-26092011-11

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер