| Оддржана седница на Советот за развој на ИПР |
| Петок, 30 Септември 2011 11:25 | |||
|
Согласно утврденото, општините од Источна Македонија за една година електронски ќе се поврзат преку проектот ГИС системи , за кој што Словенечката Влада донираше 80.000 евра, а остнататите 40.000 евра треба да се обезбедат од општините и од Владата на РМ. Градоначалникот на Општина Штип, д-р Зоран Алексов изјави дека наскоро ќе се распише тендерот за ГИС системот за Источно планскиот регион. Ова поврзување како што вели тој ќе помогне кај оние проблеми кои ги имаат општините за одредени урбанистички локации, или за подземниот катастер. Но многу позначајно е што овозможува следење на плаќањето на данокот , потоа состојбата со инфраструктурата во градовите.
Советот на градоначалници на Источно планскиот регионсоставен од 11-те градоначалници донесе одлука 19-ти декември, православниот празник „Свети Никола“ да се прогласи за патронен празник на Источна Македонија. Централната прослава ќе биде во најголемиот град во регионот во Штип и ова ќе се случува за првпат.
|