| Оддржана првата прес конференција за „Макфест 2011“ |
| Петок, 30 Септември 2011 12:12 | |||
|
Како што е познато, Општина Штип во август распиша јавен конкурс за организација на „Макфест 2011“. На тендерот се пријави само една фирма „Нова Икс Идеа“ од Скопје која ги исполни сите критериуми за реализација на фестивалот. Решението беше потпишано пред една недела е вчера беше склучен договорот со кој „Нова Икс Идеа“ и официјално ќе го реализира годинашново, 26-то издание на овој најпознат фестивал на музика во Македонија. На прес конференцијата беа промовирани песните, изведувачите и програмската структура на фестивалот кој оваа година се реализира под мотото „Една поинаква приказна“. На фестивалот ќе има Организаторот најавува и промени во начинот на реализација на фестивалот.Зад НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип каде се оддржува фестивалот ќе биде поставен шатор од 150 м/2 кој ќе биде бекстејџ за изведувачите а ќе се реновира и прес центарот. Во функција е ставена и вен страничка со сите информации: www.makfest.com.
|