| Оддржана трибина за визна либерализација |
| Петок, 07 Октомври 2011 14:14 | |||
|
Целите на трибината ги образложи Снежана Санева (портапрол на СВР-Штип) а гости на трибината беа Теута Арифи (Заменик претседател на Владата на РМ) и Никола Поповски (Министер за надворешни работи на РМ).
- Визната либерализација е придобивка за сите граѓани и ние мораме азилот да го сведеме на една нула за да можеме таа придобивка да ја користиме и понатаму – изјави Арифи во своето обраќање пред присутните. Министерот за надворешни работи - Не треба да заборавиме дека имаше времиња кога сите ние како граѓани чекавме пред амбасадите за визи. Оваа придобивка го избриша тоа и ние мораме да направиме се што е во наша моќ да го намалиме одливот на азиланти за да ја зачуваме визната либерализација. Меѓу другите презентери беа и Ристо Стефанов (РЦ ГР-Исток) кој говореше на тема „Превентивни и репресивни мерки за злоупотреба на визната либерализација), потоа Боби Апостоловски и Ведат Зимбери (МЦС) кои елаборираа на тема „Легална миграција“ а свое обраќање имаше и Бирџан Мехмедов – претставник на Ромскиот информативен центар.
На крајот, Министерот Поповски беше запрашан за последниот став на Грција во врска со спорот за името во кој се обвинува Македонија за кочење на преговорите, на што тој кажа: - Ние секогаш сме покажувале конструктивен однос во преговорите и ќе останеме на тој правец бидејќи Македонија сака решение за името.
|