| Градоначалници од Албанија во посета на Штип |
| Четврток, 13 Октомври 2011 15:13 | |||
|
Најголем дел од претставниците на локалните власти од Албанија се надеваат на воспоставување на економска соработка и меѓусебно поврзување на регионално или локално ниво. Градоначалникот на Штип при отворањето на состанокот напомена дека локалната соработка е основен предуслов за понатамошна соработка која ќе јакне и на национално ниво. Градоначалниците имаа можност да проследат и презентација за активностите на Центарот за развој на источниот-плански регион, најчестите проекти кои имаат можност да се финансираат.
|