| Втора полуфинална вечер на „Макфест 2011“ |
| Петок, 14 Октомври 2011 09:04 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Од вкупно 19 учесници (9 дебитанти и 10 полуфиналисти) во финалето директен пласман обезбедија шестмина, од кои првопласираниот дебитант и 5-те полуфиналисти со гласовите на публиката. Од дебитантите, пласман обезбеди штипјанецот ЗОРАН ИЛИЕВ со песната „Ангели и Демони“ додека од полуфиналистите во финалето во сабота по втор пат на сцена ќе ги видиме: Дуетот на ДАРКО ИЛИЕВСКИ и НИКОЛА ПАУНОВИЌ со „Јас сум тој“, АДРИЈАН ГАЏА со песната „Јас и ти“, ЕЛЕНА ПЕТРЕСКА и АЛЕКСАНДРА БУЧЕВАЦ со темата „Не оставам траг“, НАТАША МАЛИНКОВА со „Ми вети се“ и петиот пласиран финалист, БОЈАН СТОЈКОВ и СОЊА МЕМБРЕНО со „Има ли надеж“. (Редоследот на композициите не е според освоените гласови).
Вечерва, на втората полуфинална вечер ќе настапат следните изведувачи (нови девет дебитанти и 10 полуфиналисти)
Финалето ќе се оддржи утре (сабота, 15 октомври 2011) со почеток во 21:00 часот со директен пренос на „Канал 5“ телевизија. Фестивалот е во сопственост на Општина Штип а за прв пат го реализира фирмата „Нова Икс Идеа“од Скопје под мотот “Една поинаква приказна“, која доби одлични пофалби за вчерашната организација. Влезниците за втората полуфинална вечер се во продажба на билетара на домот на културата во Штип, во периодот од 12:00 до 14:00 и од 17:00 до 22:00 часот.
|