| Оддржана обука за комуникациски вештини |
| Петок, 21 Октомври 2011 14:51 | |||
|
Обуката има за цел да ја подобри комуникацијата на административците кои се во директен контакт со граѓаните како корисници на сервиси и услуги од општината. Станува збор за работилница за вработените во одделението за локален економски развој, едношалтерскиот центар и други сектори кои имаат потреба од комуникација со разни групи, субјекти и граѓани.
На крај ќе следи втора обука за тимска работа на 27 и 28 октомври за две групи на административци а предвидена е и трета обука, овој пат за невработени лица на теми: самостоен маркетинг за вработување и генерирање идеи за започнување на сопствен бизнис. Датумот за оваа обука дополнително ќе биде утврден.
|