Дома Настани Оддржана 40-тата седница на Советот на Општина Штип
Оддржана 40-тата седница на Советот на Општина Штип
Вторник, 01 Ноември 2011 09:37

opstina_zgrada-2_resizeВчера се оддржа 40-тата седница на Советот на Општина Штип на чиј дневен ред беа 24 точки.

Прифатена е предлог-одлуката за измена и дополнување на Одлуката за формирање на Општински совет за превенција од малолетничко претстапништво и предлог-решението за именување членови на Општински совет за превенција од малолетничко престапништво на Општина Штип.

Беше дискутирано за предлог-одлуката за проширување на средствата во Буџетот на Општина Штип и истата беше усвоена по што се усвои и предлог-одлуката за донесување на Детален урбанистички план за дел од населба „Автокоманда“ дел од УЕ 33, (4,56ха) (2011-2016) Општина Штип.

Прифатена е и предлог-одлуката за утврдување на Нацрт-план за измена и дополнување на Детален урбанистички план за урбанистичка парцела број 1 КП б рој 207/2 и КП број 208/2 Општина Штип. Советниците исто така ја потврдија предлог-одлуката за основање на општинско основно училиште. Истото е во УЗ Баби и ќе се осамостои, бидејќи до сега беше подрачно училиште на ООУ „Димитар Влахов“.

Прифатена е и предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за востановување на општински награди и признанија, како и предлог-одлуката за доделување „Награда 8-ми Ноември“. Годинава како што е познато неа ја добива Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Наградата се доделува на секои 5 години.

Прифатена е и предлог-одлуката за одобрување средства за украсување на град Штип за дочек на Новата 2012 година, во висина од 1 милион денари, како и предлог-одлуката за измена на Одлуката за одобрување на финансиски средства број 0701 - 6378/1 од 30 септември 2011 година.

Советот усвои неколку предлог-одлука кои се однесуваа на одобрување на финансиски средства, за проекти и за спортски настани.

Прифатена е и предлог-одлуката за одбележување на 110 годишнината од раѓањето на Емануел Мане Чучков, потпретседател на АСНОМ.

Потоа советниците дискутираа и ги прифатија годишните извештаите за работа во 2010/2011 и програмите за 2011/2012 година на училиштата во Штип.

Пред самиот крај, советниците ја прифатија предлог-програмата за одбележување на денот на ослободувањето на Штип 8-ми Ноември (5 до 8 ноември 2011), како и програмата за ФК „Брегалница 2008“ за период од 01.07.2011 до 31.12.2011 година. Беше прифатен и извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за период од 01.01. до 30.06.2011 година а беа поставени и неколку советнички прашања.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер