Дома Настани Општина Штип и официјално во владение на градежното земјиште
Општина Штип и официјално во владение на градежното земјиште
Петок, 04 Ноември 2011 13:21

StipИ официјално, Општина Штип од оваа недела во владение го има градежното земјиште.

Во петок (28 октомври 2011) беше извршено примопредавање на целокупната документација за постапките кои се во тек и кои беа започнати во Министерството за Транспорт и Врски, а кои Општина Штип има обврска да ги продолжи. Оваа седмица се прави проверка на целокупната документација со цел продолжување на постапките.

Градежното земјиште е во располагање на Општина Штип од оваа недела, бидејќи се чекаше добивање на сертификатите за управување со градежно земјиште на одговорните лица од локалната самоуправа како и на официјален допис и извршено примопредавање, иако одлуката е донесена на седница на Владата од 28 септември а истата е објавена во службен весник на 10 октомври.

Согласно програмата за 2011, во моментов во Штип се нудат на продажба 13 парцели за колективно домување (станови) и 16 парцели за инидивидуално домување (куќи).

Во најскоро време, Општина Штип ќе излезе со нови локации за продажба на куќи со што ќе се отвори простор многумина да имаат можност да се здобијат со имот на кој ќе изградат свои живеалишта и тоа по мошне поволни цени и услови.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер