| Разгледана студијата за автопат Миладиновци - Свети Николе |
| Понеделник, 07 Ноември 2011 10:07 | |||
|
Согласно членовите 88 и 83 од Законот за животна средина и уредбата за определување на проекти и критериуми врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапка за оцена на влијание вез животна средина (Сл.Весник на РМ бр 74/2005) беше предвидено Автопатот Миладиновце-Свети Николе-Штип, треба да биде долг околу 53 километри. Сашка Богданова од Агенцијата за магистрални и регионални патишта кажа дека во студијата за оцена врз животната средина е конастатирано дека изградбата на автопатот Миладиновце-Свети Николе-Штип ќе нема влијание врз животната средина.
Според неа, Агенцијата за магистрални и регионални патишта забрзано работи на обезбедувањето на техничката документација за новиот автопат. Со изградбата на автопатот градовите од Источна Македонија и Штип, како центар на регионот, ќе имаат посигурен и побрз транспорт на луѓето и на индустриските и земјоделски производи.
|