| Штип денес го одбележува денот на ослободувањето „8-ми ноември 2011“ |
| Вторник, 08 Ноември 2011 09:44 | |||
|
Како што е познато, годинашен добитник на наградата е Универзитетот „Гоце делчев“ – Штип, согласно критериумите кои беа воспсотавени за добивање на ова награда. Наградата се доделува еднаш во пет години. Истата беше востановена пред пет години а прв добитник е д-р Коста Балабанов, почесниот конзул на Јапонија во Македонија. На свечената седница се очекува присуство на раководството на штипскиот Универзитет на чело со ректорот, проф.д-р Саша Митрев. ● ● ● Ова се активностите кои ќе го одбележат денешниот ден од прославата на денот на ослободувањето на Штип:
08.ноември 2011 (вторник) 09:00 - Државно првенство во пинг-понг за средни училишта-отворање Спортска сала „Ј.Мијалков“ 09:30 - Полагање на цвеќе на Алејата на народните херои 09:45-Полагање на цвеќе на споменикот на Револуцијата Исар 11:00 - Свечена седница на Советот на Општина Штип (доделување на признание) Голема сала Ликовна изложба -Уметниците за Штип, Фоаје на сала Собрание на Општина 13:00 - Митровденски средби на доктори на науки НУ-Библиотека „Гоце .Делчев“ 19:00 - Ревијален натпревар во футсал Мал Ајакс –Македонија (репрезентација) ОУ „Тошо Арсов“
|