Дома Настани Врачена наградата „8-ми Ноември“ на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип
Врачена наградата „8-ми Ноември“ на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип
Вторник, 08 Ноември 2011 14:33

nagrada-8mi_Noemvri-08112011-1На свечена седница на Советот на Општина Штип, на денот на солободувањет, свечено беше врачена наградата „8-ми Ноември“. Добитник е Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Пред бројни присутни гости од општествено-политичкиот живот, на свечената седница со која раководеше претседателката на Советот, Сузана Николовска, беа образложени причините зошто штипскиот Универзитет е добитник на ова највисока општинска награда, по што се обрати градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов:

- Она што му даде посебенnagrada-8mi_Noemvri-08112011-2 економски прогрес на градот и што го обележа Штип како високо-образовен центар е отворањето на Универзитетот „Гоце Делчев“. Во сите изминати 67 години – слободен Штип, опстојувањето на штипскиот универзитет како да донесе најголем бенефит за нашите сограѓани.

Меѓу другото, градоначалникот ги презентираше и остварувањата за оваа година како и плановите за следниот период од неговиот мандат. Тој му ја врачи наградата на проф. д-р Саша Митрев, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ по што тој имаше свое обраќање:

nagrada-8mi_Noemvri-08112011-3- Ви се заблагодарувам што го удостоивте Универзитетот со ова висока награда, тоа е стимул за нас за понатамошна успешна работа. Почнавме скромно со само 4000 м/2 и два факултета а денес имаме 13 факултети и 46.000 м/2 работен простор во кој се едуцираат 16.000 студенти. Отворањето на Универзитетот беше успешен чекор во насока на развој на Штип – изјави меѓу другото ректорот Митрев.

Тој напомена дека ширењетоnagrada-8mi_Noemvri-08112011-4 на Универзитетот е неповратен процес кој оди во насока на зголемување на бројот на студентите. Митрев и даде комплетна поддршка на локалната самоуправа за сите инфраструктурни проекти кои се со цел апсорбирање на младата интелектуална сила која својата иднина ја наоѓа во штипскиот универзитет.

Наградата 8-ми Номеври се доделува на секои пет години. Ова е второ доделување а прв добитник е д-р Коста Балабанов (почесниот Конзул на Јапонија во Македонија).

Доделувањето на наградата беше дел од одбележувањето на денот на ослободувањето на Штип, манифестација во која меѓу другото се оддржа и треадиционалната ноќна трка, изложба на слики на ДЛУШ, меморијалниот турнир „Киро Ристов“, промоција на нови доктори на наука и други настани.

ЛИЧНА КАРТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

nagrada-8mi_Noemvri-08112011-5Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип е основан од страна на Собранието на Република Македонија на 27 март 2007 година. Идејата за основање на универзитет со седиште во Штип е стара повеќе од 30 години.

Универзитетот интегрира 13 факултети: Факултет за природни и технички науки, Педагошки факултет, Филолошки факултет, Земјоделски факултет, Факултет за информатика, Правен факултет, Економски факултет, Факултет за музичка уметност,Факултет за медицински науки, Технолошко-технички факултет, Електротехнички факултет, Машински факултет и Факултет за туризам и бизнис логистика.

Ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ е проф. д-р Саша Митрев.

Универзитетот во Штип е организиран како најголемиот број европски универзитети. Функционира според моделот на интегриран универзитет.

Во состав на Универзитетот nagrada-8mi_Noemvri-08112011-6се вклучени и повеќе центри и институти: Центар за меѓууниверзитетска соработка, Центар за електронско учење, Центар за обезбедување квалитет, Центар за кариера и развој, Центар за односи со јавноста, Универзитетски спортски центар, Универзитетски културен центар, Центар за доживотно учење, ИТ центар, Институт за археологија и историја, Институт за исхрана, гастрономија и диететика и Институт за информатика, кои даваат значаен придонес во научноистражувачката дејност.

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип има дисперзирано студии во речиси сите места во Источна Македонија: Кочани, Струмица, Радовиш, Берово, Виница, Свети Николе, Гевгелија, како и во Кавадарци и Скопје. На Универзитетот во моментов студираат oколу 16.000 студенти, од кои во академската 2011/2012 година се запишаа приближно 4.000 нови студенти.

Покрај наставата за прв циклус на студии, Универзитетот организира настава и за повеќе студиски програми во втор циклус на студии, а во март Универзитетот „Гоце Делчев“ доби акредитации за организирање на трет циклус на студии. Во иднина ќе се организираат докторски студии од областа на техничко-технолошките науки, како и од областа на биотехничките науки.

nagrada-8mi_Noemvri-08112011-7nagrada-8mi_Noemvri-08112011-8nagrada-8mi_Noemvri-08112011-9nagrada-8mi_Noemvri-08112011-10nagrada-8mi_Noemvri-08112011-11

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер