| Оддржана седница на Комисија за еднакви можности |
| Понеделник, 14 Ноември 2011 10:08 | |||
|
Комисијата ги прифати годишните извештаи за работа на ЈУДОДГ „Вера Циривири Трена“ - Штип за учебната 2010/2011 година како и програмата за работа за 2011/12 за учебната 2011/2012 година. Исто беше прифатен и извештајот за работата на ОЈУДГ „Астибо“ – Штип за 2010/11 година и програмата за работа на ОЈУДГ „Астибо“ – Штип за 2011/12 година. Членовите на Комисијата го поддржаа извештајот за воспитно-образовната работа на СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип за 2010/2011 година и програмата за воспитно-образовната работа на СОУ „Коле Нехтенин“-Штип за 2011/2012 година. На крајот, дадена е согласнот и за спроведување на проектот „Подигање на свеста на средношколската младина за сексуално-преносливите болести и можните последици од нив во насока на превенција на истите“ кај средношколците кои се прва година во учебната 2011/2012 година.
|