Дома Настани Дејан Зафиров стигна на финалната дестинација – Сан Франциско
Дејан Зафиров стигна на финалната дестинација – Сан Франциско
Понеделник, 14 Ноември 2011 10:13

Dejan_Zafirov-San_Francisko-14112011-1На Дејан Зафиров му беа потребни 60 дена и 5300 км да ја заврши велосипедската мисија Северна Америка 2011. Во текот на целото патување, Зафиров имаше 8 денови за одмор и возеше во просек по 100 км на ден. Оваа мисија би била голем предизвик за секој спортист а да не зборуваме за човек кој вози велосипед со протеза на ногата.

Зафиров го започна патувањето пред точно два месеца, на 11 септември тргнувајќи од Њујорк и во овој временски период помина низ 14 сојузни држави, пристигнувајќи на целта, во Сан Франциско.

Зафиров се чувствува одличноDejan_Zafirov-San_Francisko-14112011-2 и вели дека ова патување за него било најголем предизвик до сега и едно незаборавно искуство кое што многу интензивно го доживеал. Неговата желба да освојува нови простори и да ја подигне свеста за лицата со хендикеп не ја запреа ниту  екстремните временски услови во кои возел, често на температури под нулата, ниту пак високите премини кај планините Роки и Сиера и пустите предели на најосамениот пат во Америка во Невада.

Dejan_Zafirov-San_Francisko-14112011-3Досега Зафиров има поминато вкупно 14.300  км извозени со велосипед на четири континенти (Европа, Јужна Америка Кина и Северна Америка) во временски период од две години. Целта на ова четврто по ред патување беше да се соберат средства за адаптирана спортска опрема која преку здружението на граѓани Гаиа чиј основач е Зафиров, би била достапна до лицата со хендикеп во Македонија и пошироко. Зафиров  возеше под мотото: Подвижност за сите!

Dejan_Zafirov-San_Francisko-14112011-4Dejan_Zafirov-San_Francisko-14112011-5Dejan_Zafirov-San_Francisko-14112011-6Dejan_Zafirov-San_Francisko-14112011-7

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер