Дома Настани Потпишан договорот за реконструкција на градскиот плоштад во Штип
Потпишан договорот за реконструкција на градскиот плоштад во Штип
Четврток, 17 Ноември 2011 13:15

dogovor-rekonstrukcija-plostad-17112011-1Денес градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов го потпиша договорот со директорот на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип, Илија Бреслиски за реконструкција на градскиот плоштад во Штип.

На тендерот за реконстуркција и партерно уредување на плоштад „Слобода“ во Штипdogovor-rekonstrukcija-plostad-17112011-2 се пријавија три економски оператори, од кои по евалуацијата до Светската банка беше доставен извештај со препорака за избор на најповолен понудувач согласно условоите, а тоа е фирмата „Бетон“ АД-Штип. Светската банка го одобри предлог изборот заради што денес се потпишува официјалниот договор по што може да стартува и реконструкцијата на плоштадот:

dogovor-rekonstrukcija-plostad-17112011-3- По повеќе од три децении, Штип ќе добие нов плоштад. Тоа е само вовед во градежната офанзива, бидејќи паралелено тече финализирањето на постапката за тендер за уредување на коритото на река Отиња и конструкција на паркинг-платформи. Постапката беше долга, со оглед на тоа што станува збор за комуникација со Светска банка која ги дава финалните одобрувања, но ете на мое лично задоволство, следат градежни активности, видливи за секој штипјанец – изјави градоначалникот на Штип,Алексов.

Инвестицијата е вредна 19.430.595 денари или над 310.000 евра. Рокот за извршување на работите изнесува 4 месеци.

- Ние сме подготвени уште утре да почнеме, и нема да губиме време, бидејќи во наш интерес е да се испочитуваат и роковите но и она што е зацртано со договорот. Ќе исполниме се, и бидете сигурни дека Штип ќе добие убави и квалитетно изработен плоштад – изјави Бреслиски.

Штипјани со нетрпение ја очекуваат реконструкцијата на градскиот плоштад, бидејќи последните 10 години е во очајна состојба. Со уредувањето на коритото на Отиња, Штип ќе добие модерен и убав центар на градот.

dogovor-rekonstrukcija-plostad-17112011-4dogovor-rekonstrukcija-plostad-17112011-5dogovor-rekonstrukcija-plostad-17112011-6dogovor-rekonstrukcija-plostad-17112011-7dogovor-rekonstrukcija-plostad-17112011-8dogovor-rekonstrukcija-plostad-17112011-9dogovor-rekonstrukcija-plostad-17112011-10dogovor-rekonstrukcija-plostad-17112011-11

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер